Şerife Çetin
06 Декември 2018•Ажурирај: 06 Декември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) ќе отвори претставништво во Кувајт, со цел зголемување на политичката, економската и секторската соработка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Сервисот на ЕУ за надворешни односи се наведува дека новото претставништво ќе функционира во главниот град на оваа земја кој го носи истото име со земјата, Кувајт, и дека тоа ќе ја зголеми политичката, економската и секторската соработка меѓу ЕУ и Кувајт.
Се планира ова претставништво да се отвори наредната година.
Со новото претставништво, бројот на делегациите на ЕУ низ светот ќе се искачи на 142 претставништва.