Betül Yürük
06 Декември 2018•Ажурирај: 06 Декември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Лобистите кои дејствуваат во име на Саудиска Арабија во периодот по претседателските избори во САД во 2016 година, закупиле 500 ноќевања во луксузниот хотел на американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, и тоа на период од три месеци, објави „Вашингтон пост“ (The Washington Post), пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде овој американски весник, лобистите кои ги претставувале саудиските власти, платиле околу 270.000 долари за ноќевање во хотел чиј сопственик е Трамп.
Во објавениот текст е нагласено дека лобистите претходно, во рамките на активностите околу законот со кој беше незадоволна Саудиска Арабија, организирале бесплатни патувања во Вашингтон на поранешни службеници во американската Војска. Во врска со тоа, во хотелот на Трамп во Вашингтон по претседателските избори се закупени 500 соби, во траење од три месеци.
Цените на собите во просек изнесуваат 768 долари, а наведено е дека лобистите во споменатиот хотел угостиле шест групи. Одредени поранешни службеници во американската Војска кои престојувале во овие хотели изјавија дека не им било познато дека нивното патување во Вашингтон било на сметка на Саудиска Арабија.
Истакнато е дека споменатите лица, искористени во два наврати, оделе во Конгресот во име на Саудиска Арбија, а истовремено донеле корист и на хотелот на Трамп.