Recep Şakar
31 Декември 2017•Ажурирај: 01 Јануари 2018
МЕЛБУРН (AA) - Шест лица го загубија својот живот при уривање на амфибиски авион во Австралија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на полицијата во сојузната држава Нов Јужен Велс се наведува дека шестмината патници кои се наоѓале во авинот, по кој претходно се трагаше, загинале. Амфибискиот авион се урна во заливот кај местото Коуан.
Од полицијата сѐ уште не дадоа информации околу идентитетот на загинатите.
Сѐ уште не е позната ниту причината за уривање на авионот, додека започната е истрага во врска со овој случај.