Mustafa Deveci
04 Мај 2018•Ажурирај: 04 Мај 2018
РАМАЛА (АА) - Заменик претседателот на турското Големо народно собрание (ТБММ), Ахмет Ајдин, истакна дека посакуваат да ги видат палестинските политичари дека се фокусирани на палестинската кауза, јавува Anadolu Agency (AA).
Ајдин во свое обраќање на Палестинското национално собрание, го пренесе поздравот на турскиот Претседател, Реџеп Таип Ердоган, претседателот на ТБММ, и на пратениците на сите политички партии, и нагласи дека Палестина поминува низ еден тежок процес.
Ајдин потсети дека Израел користи вистински кушуми врз цивилите кои го користат правото на демократски протест без оружје во „Големиот марш за враќање", кој од 30 март досега сеуште трае на границата на Газа.
„Доживеавме голема тага поради жртвите и повредените. Ова е масакр. Тагата се зголемува со тоа што меѓународната јавност не покажува доволна реакција против овој масакр кој се случува пред очите на светот“, додаде Ајдин.
Истакнувајќи дека израелската админситрација ги прекршува основните права на палестинскиот народ, пред се правото на живеење, Ајдин рече дека Турција на секое ниво во релеватните кругови им пренесува дека што е можно поскоро треба да се стави крај на неодговорниот став на админситрацијата на Тел Авив.
- Одлуката на Трамп е неприфатлива
Ајдин нагласи дека одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, за признавање на Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел, е неприфатлива, и дека САД со оваа одлука го прекршува меѓународното право и ја оштетува глобалната совест.
Потсетувајќи дека претседателот Ердоган по одлуката на Трамп, ја повика Организацијата за исламска соработка на вонреден состанок, Ајдин истакна дека на состанокот е покажана една примерна солидарност со Палестина, и дека Источен Ерусалим (Кудс) е прогласен за главен град на Палестинската држава.
Исто така, тој потсети на одлуката на Обединетите нации (ОН) кои упатија апел до земјите членки на ОН да избегнуваат со формирање дипломатска мисија во Ерусалим.
„Покрај сите притисоци и уценувања, и покрај заканите на САД во Генералното собрание на САД, одлуката беше прифатена со 128 гласа 'за', и 9 против“, додаде Ајдин, и рече дека со тоа, од аспект на меѓународно право се потврдува реториката на претседателот Ердоган кој вели дека „светот е поголем од 5“.
- „Избегнувајте ги чекорите кои ќе влезат во историјата како црна дамка"
„Не ги правете овие чекори кои ќе влезат во историјата како црна дамка, кои ќе бидат запаметени со срам од страна на идните генерации. Бидете во редовите на меѓународното право и совеста“, рече Ајдин, упатувајќи апел до земјите кои по САД планираат да ги преместат нивните амбасади во Ерусалим.
Ајдин рече дека ставот на Турција околу палестинското прашање е јасен.
„Единственото праведно и одржливо решение за прашањето меѓу Израел и Палестина е формирање на слободната и суверена Палестинска држава со границите од 1967 година, и со главен град Источен Ерусалим“, нагласи тој.
Заменик претседателот на турското Големо народно собрание (ТБММ), Ахмет Ајдин рече дека со апелот на претседателот Ердоган, десетици илјади лица од Турција го посетиле Месџид ал-Акса и Палестина.
Како што рече Ајдин, тие имаат очекување од палестинските политичари.
„Палестинската кауза поминува низ тежок испит, додека посакуваме да ги видиме палестинските политичари дека се фокусирани на палестинската кауза. Во обединувањето има бериќет, а не во поделбата“, нагласи Ајдин.