Bayram Altuğ
04 Мај 2018•Ажурирај: 05 Мај 2018
ЖЕНЕВА (АА) - Во текот на мирниот протест, кој веќе пет недели се одржува во Газа загинаа пет, а беа повредени стотици деца, покажуваат податоците на УНИЦЕФ, јавува Anadolu Agency (AA).
Гер Капеларе, директор на Канцеларијата на УНИЦЕФ за Блискиот Исток и Северна Африка, смета дека децата во Газа заслужуваат подобра иднина.
Тој потсети дека недостатокот на електрична енергија, гориво, лекови и медицински работници го отежнуваше и онака лошиот здравствен систем. Капеларере истакна дека целата ситуација го отежнува лекувањето на зголемениот број повредени жители на Газа.
Според него, покрај физичките повреди забележани се и тешки трауми и грижа кај малолетниците од Газа.
Капелаер потсети дека специјалниот претставник на УНИЦЕФ вчера го посети 14-годишното момче кое беше повредено од страна на израелските безбедносни сили.
Палестинците од крајот на март одржуваат масовни демонстрации наречени „Големиот марш за враќање" на границата на појасот Газа и Израел.
Најмалку 50 Палестинци од Појасот Газа загинаа, а повеќе од 6.000 се повредени од 30 март, кога израелските сили отворија оган врз демонстрантите кои го одбележуваа Денот на земјата, кој е симбол на отпорот кон израелската окупација.
Се очекува дека протестите ќе кулминираат на 15 мај, кога се одбележува 70-годишнината од Накба или Ден на катастрофата, кој го симболизира страдањето и прогонот на палестинскиот народ од основањето на државата Израел на палестинска територија.