Qays Abu Samra,Hamdi Yıldız
15 Мај 2018•Ажурирај: 16 Мај 2018
РАМАЛАХ (АА) - Во сите градови, подрачја и бегалски кампови во Западен Брег се одржува штрајк поради усмртените 59 Палестинци за време на вчерашните протести на границата на Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Еснафот во регионот денес не ги отвори своите продавници, Синдикатот на јавен транспорт ги запре сите внатрешни и надворешни транспортни линии, додека палестинската Влада соопшти дека сите државни канцеларии ќе бидат затворени.
Во рамките на генералниот штрајк на Западен Брег денес нема да работат ниту универзитетите, институциите, банките, фурните, како и бензиските пумпи.
Претседателот на Палестина, Махмуд Абас, вчера соопшти дека е прогласена тридневна национална жалост, и дека од денес ќе стапат во генерален штрајк поради настанатите инциденти на границата на Газа.
Во демонстрациите кои вчера се одржаа на границата на Газа поради преместување на Амбасадата на САД во Ерусалим (Кудс), и по повод 70-годишнината од Накба, животот го загубија 59 Палестинци, од кои едно бебе.