Ali H. M.Abo Rezeg
06 Декември 2018•Ажурирај: 07 Декември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили, во рациите спроведени во текот на ноќта на Западниот Брег, уапсија 14 Палестинци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од израелската Војска соопштија дека лицата се уапсени поради сомнеж дека се вмешани во терористички активности. Не се откриени повеќе детали.
Израелските сили често спроведуваат операции за апсење низ Западниот Брег и приведуваат Палестинци под различни обвинувања.
Според палестинските извори, над 6.500 Палестинци се наоѓаат во израелските затвори, а меѓу нив се и 6 члена на Парламентот, 52 жени и 270 малолетници.