Yusuf Özcan
06 Декември 2018•Ажурирај: 06 Декември 2018
ПАРИЗ (АА) – Зголемувањето на цените на горивата во Франција, против кое протестираа „Жолтите елеци“ е одложено за 2019 година.
Францускиот печат, повикувајќи се на извори од Елисејската палата, објави дека зголемувањата на цените на горивата, коишто претходно беа суспендирани на период од 6 месеци, откажани се за наредната година.
Откако владата на Франција завчера објави дека го суспендира зголемувањето на даноците за течните горива за 6 месеци, Францускиот премиер Едуард Филип, во неговото вчерашно обраќање во Националното собрание истакна дека би можело да биде укинато зголемувањето на данокот за гориво, доколку не биде пронајдено адекватно решение во врска со куповната моќ на населението.
Тој додаде дека цел на секоја одлука што ќе ја донесе француската влада е да бидат зголемени платите на работниците во земјата, истакнувајќи дека го разбира незедоволството на граѓаните.
- Протести
„Жолтите елеци“ на 17 ноември започнаа со протести во Франција, како одговор на влошувањето на економската состојба во земјата и поскапувањето на течните горива. Протестите се претворија во најсилни во последните години во оваа земја.
Демонстрантите генерално живеат во руралните области на градот поради високите цени на наемнината во центарот на градовите. Тие од претседателот Емануел Макрон бараат да се намалат цените на горивата и да се подобрат економските услови.
Полицијата интервенираше на протестите на 1 декември, одржани во главниот град Париз околу улицата „Шанзелизе“, откако илјадниците демонстранти, палеа возила и контејнери за отпадоци, ограбуваа работни места, активираа звучни бомби во одредени интервали, поради што дојде до проширување на протестите и создавање хаос во градот.
На протестите околу улицата „Шанзелизе“, многу ресторани, кафулиња и продавници беа затворени. Во протестите предизвикана е материјална штета од околу 3 до 4 милиони евра. Во многу градови на Франција, улиците и патиштата беа затворени поради протестите.
Од почетокот на протестите до денес 3 лица го загубија животот, 1.043 лица се повредени, од кои 222 се лица од безбедносните структури, додека 1.424 лица се притворени.