Ekip
18 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
РАМАЛАХ (АА) - Членовите на израелската армија убија Палестинец и демолираа три куќи во градот Џенин на Западниот Брег, соопштија официјални лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинското Министерството за здравство соопшти дека израелската армија спроведе рација во домот на семејството на Ахмед Мухамед Исмаил Џaрар (31) и го усмрти со огнено оружје.
Според очевидци, израелската армија целосно ја уништила куќата на семејството Џарар, како и два блиски објекта.
Израелската полиција доцна во средата објави дека избувнал вооружен конфликт меѓу израелските безбедносни сили и група вооружени Палестинци во Џенин.
Израелските медиуми тврдат дека Џарар наводно е одговорен за минатонеделното убиството на израелските доселеници, во близина на Наблус на Западниот Брег.
Мансур ал Саади, заменик-гувернер на Џенин, за АА изјави дека израелските сили се сѐ уште во градот и дека конфликтите траат.
„Најмалку една куќа беше демолирана и еден Палестинец убиен. Ситуацијата сè уште е нејасна“, рече Саади, истакнувајќи дека израелската армија го забранила пристапот за лекари и новинари до местотот на судири.
Очевидците, соопштуваат дека по десетчасовната операција, армијата почнала полека да се повлекува од областа.