Ebru Şengül
08 Мај 2017•Ажурирај: 09 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Изградбата на оф-шор делот од проектот на гасоводот „Турски тек“ започна во вчера во близина на рускиот брег на Црното Море, соопшти Газпром, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението бродoт „Audacia“ во сопственост на „Allseas“ (изведувач на изградбата за двете линии од офшор делот на гасоводот) го врши поставувањето на цевките.
Бродот исто така ќе се користи и за влечење на цевките низ микро тунелите, се вели во соопштението, во кое се додава дека бродот за поставување на цевоводи „Pioneering Spirit“ (Пајонеринг спирит) ќе ги преземе активностите за изградба на проектот во длабоките води.
„Audacia“ е повеќенеменски брод за поставување цевоводи со мал и среден дијаметар, со каква било должина и на која било длабочина.
„Денес започнавме со практичната имплементација на проектот на гасоводот „Tурски тек“: цевоводот во рамките на оф-шор делот“, истакна Алексеј Милер, претседател на Управниот одбор на Газпром.
„До крајот на 2019 година, нашите турски и европски потрошувачи ќе имаат нов, сигурен извор за увоз на руски гас“, додаде Милер.
Гасоводот „Турски тек“ се протега низ Црното Море од Русија во Турција и понатаму до турската граница со соседните земји.
Едната линија се очекува да го снабдува турскиот пазар, додека втората линија ќе пренесува гас во јужна и југоисточна Европа. Секоја линија ќе има пропусна моќ од 15,75 милијарди кубни метри гас годишно.