Recep Şakar
24 Август 2020•Ажурирај: 25 Август 2020
МЕЛБУРН (АА) - Започна судењето на терористот Брентон Терент, кој уби 51 и повреди 49 лица во тероистичкиот напад врз две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информацијата на Радио Нов Зеланд, првиот ден од рочиштето во Високиот суд во Крајстчрч, кое се очекува да трае четири дена, започна под силни безбедносни мерки.
Патиштата кои водат до Судот се затворени, а на покривите се поставени снајперисти. На сослушувањето покрај роднините на загинатите во терористичкиот напад присуствуваат и лица повредени во нападот.
Се очекува на рочиштето повеќе од 60 лица да земат збор. Додека трае рочиштето забрането е емитување на вести и известување во живо.
Терористот, на кого ќе му суди судијата на Врховниот суд во Крајстчрч, Камерон Мандер, ќе учествува на рочиштето преку видео и аудио врска од затворот во Окланд.
- Ги прифати сите обвиненија -
Терористот во својата одбрана на 13 јули ги прифати сите обвиненија против него, вклучително и 51 убиство, 40 обиди за убиство и еден терористички напад.
Екстремно десничарскиот терорист, кој ја брани супериорноста на белата раса, по четиридневното судење се очекува да биде осуден на доживотен затвор.
Брентон Терент на 15 март 2019 година изврши напад на џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во Крајстчрч со автоматско оружје за време на петочната молитва (џума).
Во нападот загинаа 51 лице, од кои еден Турчин, а повредени беа 49 лица, од кои двајца Турци.