Adam Abu-bashal
18 Август 2022•Ажурирај: 19 Август 2022
АБУЏА (АА) - Прекината е работата на сите училишта во нигериската држава Џигава поради зголемените безбедносни проблеми, известува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение што го издаде државниот комесар за образование на државата Џигава, д-р Лован Јунуса Данзомо, се наведува дека неодамнешното зголемување на нападите низ земјата е загрижувачко.
Данзомо информира дека поради безбедносни проблеми, сите училишта во државата ќе останат затворени до наредното известување.
Од друга страна, затворањето на училиштата за време на испитниот рок предизвика вознемиреност кај учениците и родителите.
Во Абуџа, главниот град на Нигерија, минатиот месец беше прекината наставата во сите државни училишта поради заканата од напади на вооружени банди.