Bahtiyar Abdülkerimov
18 Август 2022•Ажурирај: 19 Август 2022
КИЕВ (АА) – Седум лица загинаа, а 17 се ранети во ракетен напад врз украинскиот град Харков, јавува Агенција Анадолија (АА).
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, објави дека руските единици во текот на ноќта извршиле ракетен напад врз трикатница во Харков.
Терехов изјави дека 7 лица загинале, а 17 се ранети.
Тој додаде дека на сите ранети им била укажана лекарска помош, а за оние кои останале без покрив над главата е пронајдено привремено сместување.
„Нека ги бомбардираат Харков и Украина колку сакаат, ние не само што ќе преживееме туку и ќе победиме. Ќе ги победиме Русија и смртта“, рече Терехов.