Barış Seçkin
11 Декември 2025•Ажурирај: 11 Декември 2025
РИМ/МИЛАНО (АА) - Здравствените работници низ Италија вчера одржаа демонстрации во повеќе од 50 болници, од Милано до Палермо, изразувајќи поддршка за своите палестински колеги, јавува Анадолу.
Тие го осудија израелскиот геноцид во Газа и изразија солидарност со своите палестински колеги кои беа цел на израелските напади.
Масимо Месана, медицински техничар во болницата „Нигарда“ во Милано, за Анадолу изјави дека целта е италијанското јавно мислење да се задржи фокусирано на ситуацијата во Палестина и страдањата што ги трпат луѓето од Газа.
Тој рече дека здравствениот систем таму „целосно се распаднал“ и дека здравствените работници се држат во исклучително сурови услови без никакви права во израелските затвори.
Повикувајќи се на извештаите дека повеќе од 1.500 здравствени работници се убиени од страна на израелските сили, а над 100 сѐ уште се во притвор, Месана ја опиша ситуацијата како „двојно злосторство“ и против работниците и против луѓето чии животи можеле да ги спасат.
Најмалку 70.366 Палестинци се убиени, а 171.064 повредени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година, соопшти Министерството за здравство на Газа во вторникот.