Talha Yavuz
23 Јануари 2022•Ажурирај: 24 Јануари 2022
Украинскиот претседател Владимир Зеленски го отвори најголемиот мост во Украина што беше изграден од страна на турска компанија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Амбасадата на Турција во Киев.
Во соопштението се наведува дека најголемиот модерен мост на Украина бил изграден од страна на турската компанија „Онур Иншаат“.
Во ова соопштение се вели дека украинскиот претседател ја извршил инаугурацијата на мостот.
Мостот се наоѓа во градот Запорожје, а неговиот прв дел беше отворен во 2020 година. Зеленски тогаш упати благодарност до турската компанија што навреме завршиле со работата на проектот на мостот, кој е долг 9 километри.