Dmitri Chirciu
06 Март 2022•Ажурирај: 07 Март 2022
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, соопшти дека руските сили истрелале осум ракети врз градот Виница, целосно уништувајќи го аеродромот во тој град, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски во видеопорака објавена на Телеграм говореше за руските напади во Украина.
Според неговите зборови, руската Војска извела напад на градот Виница.
„На нашиот мирен град Виница извршени се осум ракетни напади. Потполно е уништен аеродромот. Тие продолжуваат да ни ги уништуваат животите и инфраструктурата што ја подигнаа нашите мајки, татковци и дедовци“, рече Зеленски.
Ја повика меѓународната заедница да го затвори воздушниот простор во Украина.
„Секој ден нагласуваме дека е потребно да се затвори небото над Украина за руските проектили и авиони. Ние сме луѓе, ваша должност е да ги штитите луѓето и вие можете да го направите тоа“, порача Зеленски.
Како што рече, доколку тоа не можат да го направат тогаш барем да испратат авиони кај Украинците за да се одбранат сами.
„Во таа ситуација и вие сакате ние постепено да бидеме убиени. Од денес ова е воедно одговорност и на меѓународните политичари и на западните лидери“, нагласи Зеленски.