Ayşe Doğru
06 Март 2022•Ажурирај: 07 Март 2022
ЊУЈОРК (АА) - Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, иронично предложи американската Војска да изврши напади врз Русија со авиони со кинеско знаме и вината да ја стават на оваа земја од Далечниот Исток, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Американските медиуми јавуваат дека Трамп во својот говор на состанокот на Националниот комитет на републикански донатори рекол дека американскиот претседател Џо Бајден треба да престане да говори дека САД нема да ја нападнат Русија.
Трамп го нарече НАТО „тигар од хартија“.
„Во кој момент ќе ни биде кажано дека не можеме да ги поднесеме овие масовни злосторства против човештвото? Не можеме да дозволиме да се случува ова, да продолжи“, рече Трамп, и додаде дека за време на неговиот претседателски мандат Путин не окупирал ниту една држава.
Трамп предложи САД да ја бомбардираат Русија така што ќе закачат кинеско знаме на воените авиони Ф-22, а потоа да ја префрлат вината на Кина.
„Тогаш ќе почнат да се борат едни против други, а ние ќе седиме и ќе гледаме“, рече Трамп, а присутните републикански политичари како шега го поздравија со аплауз и смеа.