Meiramgul Kussainova
06 Март 2022•Ажурирај: 07 Март 2022
КИЕВ (АА) - Министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников, изјави дека економијата на земјата е подредена на прогласената воена состојба и дека фабриките продолжуваат да работат на исполнување на одбранбените потреби, јавува Агенција Анадолија (АА).
Резников објави порака во врска со ситуацијата во Украина, која се спротивставува на руските воени напади.
Тој истакна дека ја подредиле националната економија на воената состојба во Украина.
„Фабриките и производствените погони продолжуваат да работат, извршуваат воени наредби, ја поправаат опремата и го претвораат воениот плен во оружје“, наведува Резинков.
Тој исто така изјави дека за потребите на војната секоја фабрика во Украина мора да работи и дека е потребна нивната помош.