Ekipa
07 Јули 2019•Ажурирај: 08 Јули 2019
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди источна Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Силниот земјотрес е регистриран недалеку од брегот на провинцијата Северен Малуку.
Властите издадоа предупредување за цунами веднаш по земјотресот.
„До јавноста соопштуваме дека постои потенцијал за појава на цунами“, соопшти Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика (BMKG) на својата веб-страница.
Агенцијата истакна дека епицентарот на земјотресот бил 136 километри југозападно од градот Тернате, на длабочина од 10 километри.
На 26 декември 2004 година, огромно цунами го опустоши копното на Ачех по земјотресот со јачина од 9,3 степени во регионот.
Цунамито одзеде над 200.000 животи.