Emre Aytekin
26 Јануари 2023•Ажурирај: 27 Јануари 2023
ПЕКИНГ (АА) - Земјотрес со интензитет од 5,6 степени по Рихтер ја потресе покраината Сичуан, која се наоѓа во западниот дел на Кина, известува Агенција Анадолија (АА).
Кинескиот Центар за мрежа на земјотреси објави дека потресот е регистриран во утринските часови, а епицентарот се наоѓа во подрачјето на округот Лудин, во автономната покраина Ганзи Тибет, западниот дел на покраината.
Засега не се регистрирани човечки жртви ниту поголема материјална штета.
Околу 100 спасувачи се испратени во регионот зафатен од земјотресот. Регистрирани се свлечишта на автопатиштата кои го поврзуваат округот со околните места.
Повеќе од 90 луѓе загинаа, а над 270 се повредени во земјотресот со интензитет од 6,8 степени по Рихтеровата скала што го потресе округот Лудиг на 5 септември 2022 година, оддалечен 230 километри западно од Ченгду, административниот центар на Сичуан.