Eşref Musa,Mehmet Burak Karacaoğlu
18 Јули 2021•Ажурирај: 19 Јули 2021
Во нападот на Башар Асадовиот режим во Сирија и неговите поддржувачи во Зоната за деескалација во Идлиб според првичните сознанија загинаа шест цивили, од кои три жени и две деца, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Силите на режимот кои се состојат од војската на режимот и странските терористички групи поддржани од Иран, кои се позиционирани во базата „Хамидије“ која се наоѓа во подрачјето на Маратунуман, југоисточно од Идлиб, го таргетираа селото Ихсим кое се наоѓа југоисточно од Идлиб, со оружја кои вршат гаѓања од копно на копно.
Според информациите добиени од тимовите на Цивилната заштита, според првичните сознанија, во нападот загинале најмалку 6 цивили, од кои 3 жени и 2 деца, додека голем број лица се повредени.
Тимовите на Цивилната заштита продолжуваат со операциите за пребарување и спасување во местото на настанот, додека постои загриженост од зголемување на бројот на жртвите.