Mahmut Atanur
22 Јануари 2019•Ажурирај: 22 Јануари 2019
ЏАКАРТА (АА) - Два земјотреса со јачина поголеми од 6 степени денес ја погодија провинцијата Источна Нуса Тенгара во Индонезија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Институтот за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (BMKG) соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 6,7 степени бил на 120 километри југозападно од подрачјето на Западна Сумба, на островот Сумба, на длабочина од 10 километри.
По земјотресот не е даден аларм за цунами, а сѐ уште нема информации за тоа дали има жртви и штета во земјотресот.
Институтот за метеорологија, клима и геофизика, изутрина соопшти дека во 07:00 часот по локално време, земјотрес со јачина од 6,2 степени го погодил подрачјето на Западна Сумба.
Во земјотресот што на 26 декември 2004 година ја потресе Индонезија со интензитет од 9,1 степен и цунамито што следуваше по него, животот го загубија 230.000 луѓе во едно пошироко подрачје, вклучувајќи ги и другите земји во регионот.