Mahmut Atanur
21 Јануари 2021•Ажурирај: 22 Јануари 2021
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 7,1 степен се случи на отворени води кај архипелагот Талауд, во индонезиската покраина Северен Сулавеси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Институтот за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 134 километри североисточно од местото Мелонгуане, кај архипелагот Талауд.
Земјотресот со јачина од 7,1 степен се случил на длабочина од 154 километри.
По земјотресот не е издадено предупредување за цунами, а сè уште не се споделени информации околу тоа дали има жртви или повредени.