Gamze Türkoğlu Oğuz
15 Декември 2017•Ажурирај: 16 Декември 2017
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер, го погоди островот Јава во Индонезија, јавува Anadolu Agency (АА).
Индонезиската метеоролошка агенција објави дека епицентарот на земјотресот бил 43 километри југоисточно од градот Тасикмалаја и дека земјотресот се случил на длабочина од 105 километри.
Официјални лица предупредуваат дека поради земјотресот е можна појава на цунами во регионот.
Од друга страна, Американскиот центар за геолошки истражувања соопшти дека земјотресот е со јачина од 6,5 степени.