Ekipa
26 Септември 2017•Ажурирај: 27 Септември 2017
ДУБАИ (АА) - „Qatar Airways“ (Катар ервејс), еден од најголемите авиопревозници на Блискиот Исток, објави дека нарачал шест нови авиони „Boeing“ (Боинг) во рамките на договорот вреден околу 2,2 милијарди долари (приближно 1,86 милијарди евра), пренесува Anadolu Agency (AA).
Од катарскиот национален авиопревозник велат дека купувањето е дел од постојаниот раст на компанијата. Аналитичарите, меѓутоа, сметаат дека политичкиот застој меѓу Катар и четирите арапски земји оваа година ќе има влијаније на работата на „Qatar Airways“.
Од јуни, забрането е авионите на „Qatar Airways“ да летаат во Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ и во Бахреин, откако четирите споменати земји ги прекинаа дипломатските односи со Катар и ги блокираа директните летови од таа држава.
„Qatar Airways“ денес сооопшти дека ќе купи два карго авиона 747-8 и четири патнички авиони за долги летови 777-300ER. Катарската авиокомпанија веќе има флота од 200 авиони, меѓу коишто речиси стотина се летала на „Boeing“. Сега има над стотина порачани авиони „Boeing“.