Ahmet Gürhan Kartal
27 Септември 2017•Ажурирај: 28 Септември 2017
ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка Тереза Меј денес изјави дека е разочарана во врска со спорот на канадскиот и американскиот производител на авиони, кој би можел да се одрази на илјадници работни места во Северна Ирска, јавува Anadolu Agency (AA).
Вчерашната одлука на американското Министерство за трговија во корист на американската компанија „Boeing“ (Боинг) може да забележи привремена тарифа од 219,63 отсто за продажба на авион „Bombardier“ (Бомбардер) од серијата „C“ на „Delta Airlines“ (Делта ерлајнс), еден од главните авиопревозници во САД.
Канадски „Bombardier“ е еден од најголемите високотехнолошки работодавци во Велика Британија, нејзиниот погон во источен Белфаст вработува околу 4.000 луѓе.
„Boeing“ го изведе својот канадски ривал на суд во САД, по тврдењето дека добил нефер, антиконкурентна државна поддршка од покраинската влада на Квебек.
Двете страни ќе мора да чекаат за конечна одлука во февруари. Ако се наметне тарифата, цената на еден „Bombardier“ авион за „Delta“ ќе се зголеми за трипати, со скок на 61 милион долари, од првичните 19 милиони долари.
„Bombardier“ и најголемиот синдикат на работниците во Северна Ирска „Јунајт“ изразија разочарување поради одлуката.
Премиерката Меј, исто така, изрази загриженост велејќи дека е разочарана од развојот, и додаде дека Велика Британија ќе соработува со „Bombardier“ за да ги заштити работните места.
Северна Ирска треба да ја напушти ЕУ во март 2019 година, и покрај тоа што гласаше на минатогодишниот референдум да остане во Унијата.
Тековната неизвесност околу идниот трговски договор меѓу Велика Британија и ЕУ ги поттикнува грижите за економијата на земјата.