Kemal Zorlak
29 Април 2016•Ажурирај: 30 Април 2016
АЛЕПО (AA) – По воздушниот напад на руските авиони на импровизираната болница во сирискиот град Алепо, во среда навечер, нешто повеќе од 24 покасно под урнатините на болницата извлечен е двегодишен Ахмед Реџеп, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Цивилната одбрана на Алеп, во нападот на руските авиони загинаа 30 лица, а ранети се 62, меѓу жртвите имаше и деца, жени и здравствени работници.
Екипите на спасувачките служби во Алепо под урнатините на болницата која ја бомбардираа руските авиони успеаа да го пронајдат жив Ахмед Реџеп кој повеќе од 24 часа помина под урнатините. Потоа момчето е префрлено во болница.