Dildar Baykan
13 Ноември 2020•Ажурирај: 14 Ноември 2020
ВАШИНГТОН
Кандидатот на Демократската партија Џо Бајден победи во сојузната држава Аризона, со што направи уште еден важен чекор кон веќе сигурната победа на 59. претседателски избори во САД, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според неофицијалните резултати, поранешниот потпретседател на САД, Бајден, веќе собра доволен број на изборни гласови и го победи републиканскиот ривал и актуелен претседател на САД, Доналд Трамп, иако сѐ уште не се соопштени финалните резултати од три сојузни држави.
Синоќа американските медиуми јавија дека Бајден во Аризона освоил 49,4 отсто од гласовите и го победил Трамп кој добил доверба на 49,06 отсто од гласачите во таа земја. Разликата беше помала од 11.000 гласови, но е доволна Бајден конечно да ги додаде и овие 11 делегати.
Се чекаат резултатите уште од Џорџија и Северна Каролина кои даваат 16 и 15 делегати.
Изборниот сисем на САД е специфичен и комплициран, бидејќи не победува кандидатот кој ќе освои најмногу гласови на ниво на цела земја, туку оној кој ќе добие најмалку 270 од 538 делегати.
Бајден веќе собра 290 деегати и веќе прогласи изборна победа, но Трамп и понатаму тврди дека имало изборни измами и дека изборната трка сѐ уште не е завршена.