Muhammed Emin Canik,Sinan Doğan
13 Ноември 2020•Ажурирај: 13 Ноември 2020
БУЕНОС АИРЕС
Продолжува тенденцијата на зголемување на бројката на новозаразени и смртни случаи од Ковид-19 во земјите на Латинска Америка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 866 во Бразил, 626 во Мексико, 251 во Аргентина, 179 во Колумбија, 66 во Чиле, 26 Еквадор и 36 во Перу.
Според информациите што ги објави Националниот совет на здравствени секретари на бразилските држави, во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 866 заразени во Бразил, без Сојузната држава Перана поради технички грешки, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во оваа земја на 164.234. Во истиот период детектирани се 31.723 новозаразени, вкупно 5.779.383 од почетокот на пандемијата во оваа земја.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 626 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 5.658 новозаразени.
Досега во оваа земја се регистрирани 97.056 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 991.835. Во оваа земја досега оздравеа 736.197 лица заразени со Ковид-19.
Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 11. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 251 лице од последици предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 34.782. Во истиот период детектирани се 11.163 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.284.519.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.100.180 лица заразени со коронавирус.
Рестриктивните мерки што во Аргентина се воведени на 20 март, со текот на времето почнаа постепено да се олабавуваат, но поради повторното зголемување на бројката на заразени, карантинот во 10 покраини е продолжен до 29 ноември.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 8. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 179 лице, со што вкупниот број смртни случаи достигна 33.491.
Во последните 24 часа детектирани се 8.686 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 1.174.012. Во оваа земја досега оздравеа 1.081.691 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е девета земја во светот според бројот на заразени со Ковид-19.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, последните 24 часа во земјата се регистрирани 26 смртен случај, вкупно 12.946 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 883 новозаразени, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 на 177.513. Досега во Еквадор оздравеа 154.956 кои биле заразени со коронавирусот.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 36 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 805 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 930.237, починаа 35.067 заразени, а бројката на оздравени лица се зголеми на 856.023.
Перу, со популација од околу 32 милиони жители, се наоѓа на 12. место во светот според бројката на заразени со коронавирусот и по бројот на смртни случаи како последица на вирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека последните 24 часа од последици на заразеност со коронавирус животот го загубиле 66 лица, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата досега изнесува 14.699.
Бројката на новозаразени со Ковид-19 изнесува 1.634, вкупно 526.438 лица биле позитивни на коронавирусот, а бројката на оздравени од вирусот достигна 502.475.