Islam Uddin
21 Октомври 2022•Ажурирај: 23 Октомври 2022
ИСЛАМАБАД (АА) - Пакистанската Изборна комисија денеска го дисквалификува поранешниот премиер Имран Кан поради тоа што ги затаил деталите за подароците што ги добил додека бил премиер, јавува Агенција Анадолија (АА).
Петчлената Изборна комисија на Пакистан, на чело со главниот изборен комесар Сикандар Султан Раџ, донесе едногласна одлука со која го дисквалификуваше Кан од функцијата член на Парламентот.
Според пресудата, Кан би требало да се соочи со кривична пријава за прикривање детали за подароците што ги добил од различни земји за време на неговиот повеќе од тригодишен мандат како премиер.
Партијата на Кан, пакистанската Техрик-е-Инсаф (ПТИ), ја отфрли одлуката, повикувајќи ги приврзаниците низ земјата да излезат на улиците.
„Изборната комисија нема овластување да дисквалификува ниту еден член на Парламентот. Комисијата го прекрши законот“, рече Асад Умар, лидер на ПТИ и поранешен министер во Кабинетот на Кан.
Тој додаде дека ќе се жали на оваа одлука.