Gökhan Kavak
20 Октомври 2022•Ажурирај: 22 Октомври 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Некои африкански земји наредната година може да се соочат со поголем проблем со храна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последниот извештај на Глобалниот индекс на глад се обрнува внимание на проблемот со храна во Африка.
Во извештајот се вели дека се продлабочува проблемот со храна во Средноафриканската Република, Чад, Демократска Република Конго и Мадагаскар, и дека овој проблем можно е да се случи и во земјите како Бурунди, Сомалија и Јужен Судан.
Од друга страна, проблеми со храна постојат и во земјите како Замбија, Сиера Леоне, Нигерија, Средноафриканската Република, Лесото, Либерија и Гвинеја-Бисао.
Фактори како внатрешните немири, терористичките напади, миграцијата, сушата, брзиот раст на населението, пандемијата на Ковид-19, Руско-украинската војна ја предизвикуваат кризата со храна во африканските земји.