Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu
20 Октомври 2022•Ажурирај: 21 Октомври 2022
ИДЛИБ (АА) - Две деца се повредени во нападите врз Идлиб извршени од страна на силите на режимот на Башар ал Асад во Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Силите на режимот, составени од Армијата на режимот на Асад и странските терористички групи поддржани од Иран, го нападнаа селото Марбелит кое се наоѓа во границите на Зоната на деескалација во Идлиб, гранатирајќи го со проектили земја-земја.
Според информациите добиени од припадници на цивилната одбрана, во нападот се ранети две деца.
Повредените се пренесени во болница.
- Состојбата во Идлиб -
На состанокот во Астана во 2017 година, Туркије, Русија и Иран одлучија да формираат четири деескалациски зони во областа која не е под контрола на режимот на Асад.
Режимот, терористичките групи поддржани од Иран и Русија ги продолжија своите напади и презедоа три од четирите региони и се упатија кон Идлиб.
И покрај тоа што Туркије со Русија во септември 2018 година постигна дополнителен договор за зацврстување на прекинот на огнот, нападите повторно се интензивираа во мај 2019 година.
По новиот договор меѓу Туркије и Русија на 5 март 2020 година, прекинот на огнот во голема мера е зачуван.
Во периодот од 2017 до 2020 година, околу 2 милиони цивили беа принудени да мигрираат во регионите близу турската граница поради нападите на Русија и режимските сили.