Efe Özkan
23 Февруари 2025•Ажурирај: 24 Февруари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Кабинетот на израелскиот премиер денес објави дека ослободувањето на палестинските затвореници ќе биде одложено „додека не се гарантира ослободувањето на следните заложници“, пренесува Анадолу.
„Одлучено е да се одложи ослободувањето на терористите планирано за вчера додека не се обезбеди ослободување на следните заложници, без деградирачки церемонии“, се вели во соопштението.
Повторените прекршувања на договорот за прекин на огнот и за заложниците од страна на Хамас се наведени како причина за одложувањето.
Ослободувањето на палестинските затвореници се очекува да се случи кога ќе се ослободат следната рунда на заложници.