Turgut Alp Boyraz
29 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел спречи швајцарски дипломати да влезат во Појасот Газа, кој е под блокада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Израелските медиуми велат дека оваа забрана е донесена од страна на израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман. Според веста на ТВ-каналот „Канал 2“, Либерман истакна дека нема да ја укине забраната додека целосно не биде истражен случајот, и без да разговара со швајцарските власти.
Не е дадена никаква изјава за тоа зошто бил спречен влезот на швајцарските дипломати во Појасот Газа. Привлече внимание тоа што забраната е донесена откако некои швајцарски претставници се сретнале со претседателот на Политичкото биро на Хамас во Газа, Исмаил Хеније, и со одговорниот на Хамас за Газа, Јахја Синвар.
Админстрацијата на Тел Авив во изминатите недели го спречи влегувањето на група француски пратеници во земјата, под изговор дека тие го поддржувале движењето за бојкот на Израел, БДС.
Појасот Газа, каде што живеат околу 2 милиони Палестинци, од 2007 година е под блокада на Израел.
На Западниот Брег се наоѓаат околу 400.000, а во Источен Ерусалим околу 200.000 еврејски доселеници.
Според меѓународното право, сите еврејски населби во овие места се сметаат за илегални.