Gülşen Topçu
21 Август 2020•Ажурирај: 22 Август 2020
ГАЗА
Израелската војска соопшти дека ги погодила некои позиции на Хамас во јужниот дел на Појасот Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на израелската војска, Авичај Адрае, оваа информација ја потврди преку соопштение објавено на Твитер.
Адрае напиша дека израелските воени авиони ги погодиле тунелите на Хамас во јужниот дел на Газа.
Тој нагласи дека овој напад е извршен како одговор против 7 ракети лансирани од Газа, од кои 6 се елиминирани од страна на ракетниот одбранбен систем.
Според израелските медиуми и социјалните мрежи, ракета лансирана од Газа погодила една куќа во градот Сдерот.
Со овој напад, бројот на напади извршени од синоќа досега во Газа од страна на Израел се зголеми на три.
Во претходните два напади беа погодени позиции на бригадите „Изедин ел Касам“, како и позиција на Хамас во подрачјето на Ет Тувам во северниот дел на Газа.