Çağrı Koşak
16 Април 2021•Ажурирај: 18 Април 2021
ГАЗА (АА) - Израелската Војска изврши воздушен напад врз цели во Појасот Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Новинарот на АА кој се наоѓа во оваа зона соопшти дека израелската Војска во ноќните часови извршила напад во Газа, и истакна дека нема жртви или повредени.
Меѓу другото, во соопштението објавено на Твитер профилот на израелската Војска се наведува дека воените авиони и хеликоптери ја нападнале Газа како одговор на проектилот лансиран од Газа кон Израел.
Во соопштението се наведува дека целите кои се таргетирани се место за производство на муниција, тунел користен за пренос на оружјае и воена зона на Хамас.