Nazlı Yüzbaşıoğlu
15 Април 2021•Ажурирај: 16 Април 2021
АНКАРА
Турција верува дека несогласувањата со Грција може да бидат решени со конструктивен дијалог, рече министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Веруваме дека проблемите можат да бидат решени со конструктивен дијалог", рече Чавушоглу на заедничката конференција за медиуми одржана со грчкиот колега Никос Дендиас.
Турскиот министер смета и дека во односите на двете земји треба да се избегнува провокативна реторика.
„Во наш интерес е малцинствата во двете земји да живеат во мир, тоа позитивно ќе се одрази на нашите односи", рече тој.
Говореше и за турското малцинство кое живее во Западна Тракија.
„Ако тие ќе кажат дека се Турци, тие се Турци. Морате тоа така да го прифатите", смета Чавушоглу.
Додаде и дека Анкара е во можност да ги штити правата на Турција и кипарските Турци во Источен Медитеран.
Грчкиот министер Дендиас рече дека неговата земја и Турција можат да направат позитивна агенда на полето на економијата.