Gülşen Topçu
18 Декември 2017•Ажурирај: 19 Декември 2017
ГАЗА (АА) - Израелските воени авиони погодија три позициии на бригадата „Изедин ел-Касам“, воен огранок на Хамас во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од полициски извори во Палестина, израелските авиони извршија воздушни напади врз три позиции во северозападниот дел на Газа, поточно во Ел-Бахрије, Аскалан и Ел-Ваха.
Од израелската полиција вчера соопштија дека една од двете ракети, за кои се тврди дека се лансирани од Газа, паднале во ненаселено подрачје во областа Аскалан, и дека нема жртви или повредени.