Turgut Alp Boyraz
18 Декември 2017•Ажурирај: 18 Декември 2017
КУДС (АА) - Израелските војници приведоа 18 Палестинци во окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на израелската војска се наведува дека 18 Палестинци се приведени вчера во извршените рации во различни подрачја на Западниот Брег, со тврдење дека се вмешани во терористички активности.
Израелските сили често вршат рации во домовите во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс, и ги приведуваат Палестинците со различни тврдења.
Во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци од кои 300 се деца.