Mustafa Deveci
28 Јануари 2019•Ажурирај: 29 Јануари 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Владата на Израел одобри извоз на коноп за медицински цели, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Кабинетот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, е наведено дека таа одлука ќе придонесе за развој на земјоделството и вработување на луѓето, со оглед на планираните значајни вложувања во производството на коноп.
Паралелнно со тоа, израелскиот министер за земјоделство, Ури Ариел, на Твитер напиша дека при Министерството ќе биде отворен посебен Уред за поддршка на земјоделците кои одгледуваат коноп.
Тој откри дека веќе е издадена дозвола за садење коноп на пет плантажи со вкупна површина од 90 дунуми.
Додаде дека во последна фаза е и издавањето дозвола за работа за уште 18 земјоделци, а дека е во процес е разгледувањето на уште 780 такви барања.
Веднаш по објавувањето на одлуката на Владата за одобрување на извозот на коноп за медицински цели, на берзата во Тел Авив се зголемија вредностите на акциите на фирмите кои се занимаваат со оваа земјоделска активност.
Поради тешките бирократски процедури, извозот на коноп од Израел би требало да започне кон крајот на оваа година. Властите на Израел планираат веќе во првите години да достигнат заработка во вредност од милијарда долари.
Одобрувањето на Владата за извоз на коноп е базирано на одлуката што кон крајот на минатата година ја усвои израелскиот Парламент (Кнесет).