Ekipa
27 Септември 2023•Ажурирај: 27 Септември 2023
ГАЗА (АА) - Израел соопшти дека неговите сили бомбардирале три воени набљудувачки пунктови на движењето Хамас во источниот дел на Појасот Газа, пренесува Анадолу.
Израелската војска преку платформата Х соопшти дека со беспилотно летало погодила два воени пункта во подрачјата на Буреиџ и Џабалија.
Во посебна објава се наведува дека дрон целел кон друга позиција на Хамас во близина на безбедносната ограда во Газа.
Нападите се случија по неколкудневните протестни демонстрации на палестинската младина, кои често се претвораат во насилни судири со израелските сили.
Од 2007 година, Појасот Газа е под израелска блокада која ги лиши нејзините околу 2,3 милиони жители од многу витални потреби - храна, гориво и лекови.