Aness Suheil Barghoti
03 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
ЕРУСАЛИМ
Израел сруши или зазеде 40 палестински куќи во зоната Ц на окупираниот Западен Брег од 5 март, се наведува во извештајот кој денес го објавија Обединетите нации (ОН), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Откако на 5 март во Палестина беше прогласена вонредна состојба поради пандемијата на Ковид-19, израелските власти срушија, окупираа или ги принудија луѓето сами да срушат 40 објекти“, се наведува во Кабинетот за координација на хуманитарна помош на ОН (OCHA).
Се додава дека поради рушењето на овие објекти 26 Палестинци морале да се иселат на некое друго подрачје, а над 260 други се погодени од оваа нехумана постапка на израелските власти.
Израел само еден ден претходно ги информираше ОН привремено да се запре рушењето на ненаселените палестински домови и медицински објекти во зоната Ц на Западниот Брег поради кризата предизвикана од коронавирусот.
Околу 650.000 Евреи моментално живеат во повеќе од 100 израелски населби изградени од 1967 година, кога Израел ги окупираше Западен Брег и Источен Ерусалим.