Burak Dağ
25 Март 2025•Ажурирај: 30 Март 2025
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската Армија потврди дека го привела Хамдан Балал, член на тимот чиј документарен филм „Нема друга земја“ (No Other Land) е награден со Оскар, и уште двајца Палестинци на окупираниот Западен Брег, известува Анадолу.
Во соопштението дадено од израелската Армија се тврди дека израелските војници и полицајци дошле да ги смират инцидентите до кои дошло кога Израелците, кои ги узурпираа палестинските земји, го нападнале селото Сусја, во кое живеат Палестинци.
Во соопштението се наведува дека се приведени тројца Палестинци, меѓу кои е и Балал, под обвинение дека фрлале камења врз израелските сили, и еден Израелец вмешан во инцидентите.
Во заедничката изјава на активистите од местото Месафир Јата, сместено на југот на Западниот Брег, се наведува дека Израелците, кои ги узурпирале палестинските територии, го нападнале селото Сусја, во кое живеат Палестинци.
Армијата објави дека има повредени во нападот на маскирани Израелци кои носеле остри предмети и оружје и дека е оштетен имотот на Палестинците.
Се посочува дека пет американски еврејски активисти кои дошле на местото на настанот да го документираат нападот биле нападнати од Израелците кои ги узурпирале палестинските земји, а возилото во кое се наоѓале било каменувано.
Во нападот што се случи под заштита на израелската Армија е повреден и Хамдан Балал, член на тимот чиј документарен филм „Нема друга земја“ освои Оскар.
„Нема друга земја“, кој ја раскажува приказната за борбата на Палестинците од местото Масафир Јата на окупираниот Западен Брег против политиката на уништување и присилно прогонство од родниот крај од страна на израелската Армија, оваа година освои Оскар за најдобар документарен филм.
Дел од тимот кој ја освои оваа престижна награда е и Хамдан Балал.