Ekip
14 Декември 2021•Ажурирај: 15 Декември 2021
РАМАЛА
Израелските сили извршија упад на кампус на универзитет во близина на Рамала во централниот Западен брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Универзитетот „Бирзеит“ се наведува дека израелските сили ги нападнале чуварите на кампусот за време на упадот и го конфискувале имотот на студентите.
Универзитетот го осуди упадот, нагласувајќи дека тоа е „очигледен напад врз нормите и договорите кои забрануваат напади врз академски објекти“.
Очевидци за АА изјавија дека израелските сили ги конфискувале транспарентите и предметите на студентските блокови пред да ги напуштат просториите на кампусот.
Следеа судири меѓу десетици цивили и израелските сили во околината на универзитетот по рацијата, во која армијата употреби метални куршуми и солзавец за да ги разбрка студентите.
Во понеделникот, блокот Студентски пол, студентскиот огранок на Народниот фронт за ослободување на Палестина (поврзан со Палестинската ослободителна организација), организираше изложба во кампусот за да ја одбележи годишнината од основањето на фронтот.
Во меѓувреме, исламскиот блок се очекува во вторник да организира церемонија за комеморација на 34-годишнината од основањето на палестинското движење на отпорот Хамас.