Qais Omar Darwesh Omar
27 Октомври 2022•Ажурирај: 28 Октомври 2022
РАМАЛА (АА) - Израелската армија денеска приведе 30 Палестинци за време на рација во неколку градови и населени места на окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Клубот на палестински затвореници, невладина организација, изјави дека Израелската армија спровела кампања на приведувања чија цел била 30 Палестинци од неколку гувернати на Западниот Брег.
„Голем број војници на Израелската армија упаднаа во градот Беит Умар во областа Хеброн и приведоа девет граѓани, меѓу кои и малолетници“, велат очевидци.
„Рации беа извршени и во гувернатите на Наблус, Џенин, Калкилија, Витлеем и предградието на Ерусалим, при што беа уапсени 21 Палестинец“, соопшти палестинската група.
Израелската армија често спроведува широки кампањи за приведување низ окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим под изговор дека трага по „барани“ Палестинци.
Палестинските невладини организации проценуваат дека има околу 4.500 палестински затвореници во израелските затвори, а најмалку 500 се задржани според израелската политика за административен притвор без обвинение или судење.