Muhammed Emin Canik
23 Ноември 2023•Ажурирај: 24 Ноември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската војска повика на евакуација на Индонезиската болница во северниот дел на Појасот Газа во рок од 4 часа, изјави денес официјален претставник на палестинското Министерство за здравство, пренесува Анадолу.
„Израелската војска сака да влезе во болницата поради воени операции и бара евакуација во рок од 4 часа“, рече генералниот директор на Министерството за здравство, Мунир ал Борш, за „Ал Џезира медија нетворк“ (Al Jazeera Media Network).
Тој рече дека болницата е опколена од израелската војска, а во нејзината близина продолжуваат нападите.
Напоменувајќи дека во болницата во моментов се наоѓаат околу 200 луѓе, Ал Борш информираше дека болницата вчера ја напуштиле 450 пациенти.
„Во болницата се наоѓаат 65 тела кои не можеше да бидат закопани, а 50 се во дворот на болницата повеќе од 10 дена“, рече Ал Борш.