Mohammad Sıo
29 Јануари 2024•Ажурирај: 30 Јануари 2024
ЏЕНИН (АА) - Уште еден Палестинец е застрелан од израелските сили денес на Западниот Брег, со што билансот, сметајќи од 7 октомври, достигна 374, соопшти Министерството за здравство, пренесува Анадолу.
Дваесет и едногодишно момче е убиено од израелски оган во градот Јамун во близина на градот Џенин, јави палестинската новинска агенција Вафа.
Според очевидци, израелските сили упаднале во градот и во неколку куќи, што предизвикало судири.
Израелските сили рано утрово извршија рации во неколку градови и кампови на окупираниот Западен Брег, меѓу кои и во Џенин и неговиот бегалски камп, јави дописникот на Анадолу.
Тензиите се зголемени низ Западниот Брег откако Израел ја започна смртоносната воена офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас во кој Израел соопшти дека загинале 1.200 луѓе.
Според палестинските здравствени власти, во израелските напади што започнаа на 7 октомври загинати се најмалку 26.422 Палестинци, главно жени и деца, а над 65.000 се повредени.