Ali Rezzakoğlu
31 Јануари 2022•Ажурирај: 01 Февруари 2022
РАМАЛА (АА) - Израелските војници во рации на окупираниот Западен Брег и во источен Ал-Кудс (Ерусалим) приведоа 27 Палестинци, објави палестинската невладина организација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Здружението на палестински затвореници соопшти дека двајца мажи од градот Катан, северно од Ал Кудс, се меѓу приведените откако биле претепани од израелски војници.
Израелските сили честопати приведуваат Палестинци под различни обвиненија. Меѓу уапсените има малолетници и жени.
Палестинските невладини организации проценуваат дека во израелските затвори има околу 4.650 палестински затвореници, меѓу кои најмалку 160 малолетници и 34 жени.