Ikrame Imane Kouachi
28 Септември 2024•Ажурирај: 29 Септември 2024
БЕЈРУТ (АА) - Израелската армија денес ја хакираше контролната кула на Меѓународниот аеродром „Рафик Харири“ во Бејрут, упатувајќи закани кон ирански цивилен авион кој сакал да слета, јавува Анадолу.
Либанското Министерство за транспорт им наложи на аеродромските власти да го спречат иранскиот авион да влезе во либанскиот воздушен простор по израелските закани дека ќе го гаѓаат авионот доколку слета на аеродромот.
Извори од Министерството за Анадолу потврдија дека директивата е издадена по агресивните закани на израелската армија.
Засега нема коментар од израелска страна.
Претходно денес, израелската армија тврдеше дека го ликвидирала лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, во синоќешниот воздушен напад врз јужното предградие на Бејрут.
Во објава на X, портпаролот на израелската армија, Авичај Адраи, рече дека Насрала бил „ликвидиран“ за време на операцијата против централната команда на Хезболах лоцирана под станбена зграда во јужните предградија на Бејрут.
Хезболах и Израел разменуваат прекуграничен оган од почетокот на израелската офанзива врз Појасот Газа, во кој загинаа речиси 41.600 жртви, главно жени и деца.