Esat Fırat
17 Април 2021•Ажурирај: 17 Април 2021
КУДС
Израелската полиција интервенираше врз младите Палестинци во околината на зоната „Стар град“ во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), при што се повредени седум лица, меѓу кои и еден Евреин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на палестинската Црвена полумесечина, израелската полиција повреди 6 Палестинци во настаните во зоната „Стар град“ во Источен Кудс (Ерусалим), од кои четири лица се лекуваат дома, додека две лица се пренесени во болница.
Од друга страна, според информациите добиени од очевидците, за време на интервенцијата на израелската полиција врз Палестинците, во главата повреден е и еден Евреин што минувал на тоа место.
Очевидците нагласија дека израелската полиција интервенирала со отпадна вода под притисок за да ги избрка младите Палестинци.
Меѓу повредените за време на интервенцијата на израелската полиција се и една палестинска жена и нејзината ќерка, кои се повредени со гумени куршуми.
По синоќешниот терави-намаз во комплексот на Џамијата „Ал Акса“, израелската полиција интервенираше врз младите Палестинци.